Ви благодариме за посетата и пазарењето на нашиот веб-сајт. Во продолжение се наведени правилата и условите кои ја конституираат нашата Политика за достава, рекламации и враќање.
ВРЕМЕНСКИ РАМКИ И ТРОШОЦИ ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПРАТКИТЕ
Мак Нова ги користи услугите на компанијата Карго Експрес за испорака на вашите нарачки. Цената за испорака на пратка до 5 кг на територијата на Р. Македонија изнесува 150 денари, доколку имате изберено плаќање преку карго а не со картичка, ќе изнесува 180 денари. Во цената се покриени сите градови, како и селата кои се оддалечени најмногу 20 километри од градот.
Мак Нова нуди бесплатна испорака за нарачки над 1300 ден.
Добивате мејл кога порачката е примена и кога е испратена т.е. е предадена на курирските служби.
Периодот за испорака изнесува отприлика 1-4 работни дена. Трошоците за испорака се нерефундабилни. Нарачките не се испраќаат или доставуваат за викенди или државни празници. Доколку имаме зголемен обем на нарачки, испораката може да забележи доцнење од неколку дена.
Ве молиме имајте разбирање при такви околности и дозволете неколку дополнителни денови за достава. Доколку се испостави дека ќе има значително доцнење во испораката на вашата нарачка, ќе ве контактираме преку е-пошта или телефон.
ПЛАЌАЊЕ
maknova.com.mk нуди плаќање во 2 опции:
Првата опција е плаќање стандардно со картичка (дебитна или кредитна), на самиот сајт. Електронско плаќање можете да извршите веднаш од нашата веб страница со дебитни и кредитни картички од сите домашни и странски банки. Електронското плаќање е поддржано од Уни Банка АД Скопје, а безбедноста и верификацијата на податоците ја гарантира Visa Secure & MasterCard SecureCode.
Втората опција е плаќање во готово на курирските служби при подигањето на нарачката, во кој случај доставата изнесува 180 денари (ако е вкупната нарачка помала од 1300 денари) наместо 150 денари поради додатниот трошок за трансфер на готовина.
ВРАЌАЊЕ/РЕКЛАМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ
Мак Нова ДООЕЛ обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од www.maknova.com.mkВо случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на Мак Нова ДООЕЛ во Контакт центарот на тел. 033 360 066, на Instagram страницата @babynovamk или писмено преку e-mail: contact@maknova.com.mk
ШТЕТИ
Мак Нова ДООЕЛ не презема никаква одговорност за оштетени или загубени продукти за време на испораката. Доколку вашата нарачка сте ја примиле оштетена, ве молиме контактирајте ги одделот за грижа на корисници или одделот за рекламации, поплаки и пофалби на Карго Експрес за да поднесете претставка. За информации за контакт со нив, кликнете овде.
РЕКЛАМАЦИЈА И ВРАЌАЊЕ
Политиката за рекламација трае 10 календарски денови. Доколку поминале 10 календарски денови од вашата нарачка, за жал не можеме да ви понудиме рефундација или замена. За да се квалификувате за рекламација, вашиот продукт треба да биде некористен и во истата состојба во која сте го примиле. Исто така мора да биде во оригиналното пакување. За да направите рекламација на продукт што сте го купиле, мора да приложите фактура/испратен документ. Ќе ве известиме дали сме го одобриле или одбиле вашето барање за рекламација на продуктот. Доколку вашата рекламација биде одобрена, ќе се обидеме да ви го замениме продуктот со нов. Адреса за испраќање (на оштетен, фаличен производ) е Страшо Пинџур 2, Виница 2310 (Мак Нова ДООЕЛ со тел. 033 360 066), може испорака до централа без да биде до врата за помал трошок.
Во случај на рефундација, уплатените средства ќе ви бидат вратени на вашата трансакциска сметка или на вашата платежна картичка (ако сте платиле со неа), во рок од 5 работни дена. Замена единствено правиме на предмети кои се дефектни или оштетени.
Доколку сакате да го замените купениот предмет со ист, поднесете рекламација и контактирајте нѐ по телефонски пат.